Македонскиот фудбалски шампион Шкупи го доби гибралтарскиот Линколн за противник во првото коло од квалификациите за новото издание на Лигата на шампионите.
Капитенот на тимот од Чаир, Кико Наумовски вели дека можеби го добиле најпосакуваниот противник, но не смее да има никакво опуштање.
„Го добивме можеби најпосакуваниот противник во споредба со другите противници Линколн делува најлесен. Меѓутоа никакво опуштање и никакво славење предвеме не ни треба. Треба добро да се испотиме од прв до последен да го дадеме сите својот максиму, професионално од првата до последната минута. Таму ќе биде потешко бидејќи играат на вештачка трева. Веќе бев таму со репрезентациај и видвок колку беше ризично да се игра на таков терен. Меѓутоа ние сме Шкупи, шампиони Македонија и сигурен сум дека сите играчи со нетрпени го чекаме овој дуел за да покажеме дека сме сериозен тим со големи амбиции“, изјави Наумовски.
Првите натпревари се играат на 5/6 јули, додека реваншите се на 12/13 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА