Барселона влезе во отворена војна со дефанзивецот Жерар Пике, во обид да го избрка искусниот фудбалер од клубот жалејќи се на неговиот непрофесионален живот во последните години и променливата форма. Пике е еден од најплатените фудбалери во тимот, веќе во два наврати ја одби понудата на Барселона за намалување на платата, што беше повод за конфликт меѓу него и претседателот Лапорта.
Тренерот Чави ја зазеде страната на првиот човек на Барса, па според каталонските медиуми тој неодамна имал и сериозна караница со Пике, јасно ставајќи му до знаење дека за него ќе нема место во тимот во наредната сезона.
Проблемот е во тоа што дефанзивецот не сака да чуе за заминување од клубот со кој има уште две години од договорот.
„Јас ќе останам, ќе се борам и ќе бидам стартер, ќе видите. Ако сакате, доведете го најдобриот дефанзивец во светот. Ќе влегувам од клупата за резерви и нема да правам проблем“, им порачал Пике на Чави и на Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА