Сања Адамовска потпиша со Баскет Кам

Екипата на Баскет Кам 2011 ја загуби шампионската титула. Но раководството на клубот од Македонска Каменица ќе се обиде веднаш да го возврати ударот, и веќе во наредната натпреварувачка сезона да атакува и на трофејот во националниот шампионат кој сега е во витрините на нивниот голем ривал, екипата на Бадел 1862.

Кон таа цел, направен е и првиот конкретен чекор, ангажирано е првото засилување. Раководниот тим на Баскет Кам 2011, постигна согласност и потпиша едногодишен договор со актуелнатга репрезентативка, Сања Адамовска.

Во последните неколку сезони, 170. центиметри високиот бек на нашата женска сениорска селекција, настапуваше за екипата на Бадел 1862. И ова е прв договор за 24-годишната кошаркарка со траење од една година.

Клубот од Македонска Каменица најавува потпис на договорот со уште едно репрезентативно име, кој се очекува да биде познат многу брзо.

Се вчитува...