Селекцијата на Костарика, синоќа обезбеди пласман на Мундијалот во Катар, победувајќи го составот на Нов Зеланд со минимални 1-0.
Херој на костариканците беше некогашниот играч на Арсенал, Џоел Кембел кој уште во 3. минута ја затресе мрежата на Нов Зеланд. Нов Зеланд, пак, постигна гол во 39. минута, но беше поништен поради вар по прегледување на ВАР снимката.
Костарика како последен патник ќе игра во групата Д со светскиот првак Франција, потоа Данска и Тунис на шампионатот што ќе се одржи во ноември и декември оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА