Српскиот тренер и поранешен македонски селектор Александар Џикиќ, доби отказ од црногорскиот тим Будуќност, потврди клубот.
Одлуката за смена на Џикиќ била донесена на вонредна седница на Управниот одбор на црногорскиот кшаркарски гигант.
„На вонредна седница на Управниот одбор на клубот, одлучено е да не се продолжи договорот со досегашниот шеф на стручниот штаб Александар Ѓикиќ. Нашиот клуб му се заблагодарува на Ѓикиќ и му посакува среќа во понатамошната кариера“, се вели во соопштението на Будуќност.
Џикиќ во својот мандат во црногорскиот клуб ја освои АБА лигата во 2018/2018 и го однесе тимот во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

