Рафаел Надал ќе стане татко

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Чиска Перехо ќе станат родители, објавија шпанските медиуми. Еден од најдобрите тенисери на сите времиња и неговата партнерка се венчаа во октомври 2019 година, после 15 години врска.

Парот се уште официјално не ја објави прекрасната вест, но сопругата на Надал е фотографирана во костим за капење, а нејзиниот изглед јасно покажува дека е бремена. Надал и Марија неколку пати изјавуваа дека сакаат да го прошират семејството, но тоа ќе се случи кога ќе дојде време за тоа.

 

Се вчитува...