Попзлатанов се враќа во Вардар

Јован Попзлатанов ќе биде ново засилување за Вардар во следната сезона. Досегашниот играч на Македонија ЃП се одлучи да се врати во редовите на „црвено-црните“, каде што играше од 2018 до 2021 година, и освои титула со „црвено-црните“.

Потоа отиде во РФС Рига, но повторно се врати во македонскиот шампионат и во дресот на Македонија ЃП. Крилниот 25-годишен играч во завршената сезона го освои македонскиот Куп.

Попзлатанов ќе биде засилување за атак кон Првата лига на „црвено-црните“, кои сакаат повторно да играат во „елитата“ откако не успеаја да обезбедат пласман во штотуку завршената сезоната, односно се пласираа на третото место на табелата што беше недоволно.

Се вчитува...