Барселона го совлада Реал Мадрид во вториот натпревар во битката за титулата во шпанското првенство, и така дојде до израмнување во серијата на 1-1. Тешка победа на „Каталонците“ благодарение на добрата игра во втората и третата четвртина. Реал Мадрид во последниот напад промаши тројка за победа. На крајот триумф со 71-69.
Првиот период му припадна на гостинот од Мадрид. Барселона никако не успеваше да ја најде својата игра на почетокот, па губеа веднаш со 0-8, а потоа како одминуваше времето ја намалуваа разликата за на крај „кралевите“ заминат само со четири поени предност во првиот период. Во вториот Барса се врати и го доби со четири разлика, за „симетрија“ на полувремето.
Третата четвртина ја доби Барселона со два разлика, и таа разлика успеа да ја задржи до крајот на мечот. Во последниот период Барселона бегаше, Реал се обидуваше да стигне, но не успеа. Последниот напад „кралвите“ можеа со тројка и да го однесат триумфот и да се доближат до титулата, но не успеаја.
Никола Миротиќ беше најефикасен со 26 поени, додека Јабуселе кај Реал Мадрид постигна 16 поени.
Сега серијата се сели во Мадрид, каде ќе се играат два меча и во кои Реал ако победи ќе дојде до титулата. Следниот натпревар на програмата е на 17. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

