Најдобриот стрелец на Ренова за минатата сезона Ремзифаик Селмани, е нов фудбалер на Мезоковешд. 25-годишниот голгерер денеска беше промовиран во унгарската екипа. Детали од договорот засега не се објавуваат.
Селмани практично се враќа во Унгарија, каде што беше во сезоната 2017/2018 кога го носеше дресот на Ујпешт, но одигра само два натпревари во првенството и три во Купот, натпреварување кое успеа да го освои. Потоа се врати во Македонија во тимот на Шкендија, па преку Лапи повторно се врати во Ренова во 2019 година.
После две години повторно се обидува да направи интернационална кариера. Во минатата сезона во 32 меча постигна 15 голови и имаше 7 асистенции.
Селмани во минатото беше дел од помладите селекции на Македонија. Тој ќе биде вториот македонец во овој унгарски тим. Во 2017 година за Мезоковешд играше поранешниот македонски репрезентативец Александар Дамчевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА