Џеко си оди од Милано, следна дестинација е Торино!?

Един Џеко по само една година во Интер може да си замине ова лето од „Џузепе Меаца“. Интер веќе е во напредни преговори со Ромелу Лукаку и Пауло Дибала, па ако и двајцата пристигнат на „Џузепе Меаца“, тоа значи дека повеќе нема да има место за Џеко.

Италијанските медиуми пишуваат дека Босанецот може да направи изненадувачки трансфер во Јувентус. Интер е спремен да го раскине договорот со Џеко за да се ослободи од неговата плата, а напаѓачот ќе биде слободен да потпише со друг клуб.

Алегри е во потрага по искусен напаѓач кој ќе биде алтернатива за Влаховиќ, а Џеко е прв избор.

Се вчитува...