Херојот на Хрватска станува нов соиграч на Елмас?

Голманот на хрватската репрезентација и Осиек, Ивица Ивушиќ кој беше еден од најдобрите поединци на натпреварот во Лига Нации помеѓу Хрватска и Франција ова лето може да стане соиграч на Елиф Елмас во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.

Клубот од југот на Италија бара нов чувар на мрежата кој би го заменил Давид Оспина, а Хрватот како „противици“ во трансферот ќе ги има Салваторе Сиригу и Марко Спортиело.

Ивушиќ оваа сезона настапи на 31 натпревар за Осиек, а на 14 од нив успеа да ја зачува мрежата недопрена. За балканската репрезентација настапи пет пати во кариерата, а беше одличен против ѕвездите на „триколорите“ во натпревар во кој спречи сто отстотни шанси на Карим Бензема и Килијан Мбапе со кои стана единствениот голман на Хрватска кој не примил гол во настапите против Франција.

 

Се вчитува...