Голден стејт повторно е НБА шампион! (ВИДЕО)

Голден стејт е новиот НБА шампион! Во шестиот натпревар од финалната серија, Голден стејт славеше на гостински терен над Бостон со 90-103 завршувајќи го на тој начин финалето со 2-4 во победи.

Вориорс со четвртиот наслов во осум години и седми во историјата стана трета најуспешна НБА екипа, токму по Бостон и ЛА Лејкерс кои имаат по 17 титули.

До победата во Бостон беа предводени од Стеф Кари со 34 поени, седум скока и седум асистенции, кој и првпат во кариерата е прогласен за МВП на финалето, откако кај првите три наслови таа награда ја добија Андре Игуодала и двапати Кевин Дурант.

Ендрју Вигинс постигна 18 поени, Џордан Пул – 15 поени, а Бостон беше предводен од Џејлин Браун со 34 поени. Џејсон Татум одигра уште еден лош натпревар со само 13 постигнати поени и пет загубени топки.

Се вчитува...