Неверојатниот Стив Кер – Освои една третина од можните трофеи во последните 27 години

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја освоија титулата во НБА лигата откако во финалната серија славеа над Бостон Селтикс со 4-2. Со овој трофеј франшизата од Сан Франциско го мина Чикаго Булс на вечната листа и сега е на третата позиција со седум освоени трофеи. Бостон и Лос Анџелес Лејкерс се неприкосновени со по 17 титули.

Вориорс по четврти пат во последните осум години се најдобар тим во НБА, а Стеф Кари ја комплетираше збирката на трофеи откако стана МВП на финалната серија. Тренерот на Вориорс Стив Кер исто така испиша историја. Тој како игра три пати ја освојуваше титулата со Чикаго Булс (1996-1998) и два пати со Сан Антониот Спурс (1999-2003), а како тренер со клубот од Калифорнија има четири трофеи.

Интересно е тоа што од 1995 година па до денеска во 27 НБА изданија Стив Кер дури девет пати стигнувал до титулата што е неверојатни 33 отсто, односно една третина.

 

Се вчитува...