Димитриевски на листата на најдобри 10 одбрани во Шпанија за минатата сезона (ВИДЕО)

Одбраната на македонскиот голман Столе Димитриевски на „Месталја“ против Валенсија во 15. коло од шпанската Ла Лига, е сместена меѓу ТОП 10 одбрани во Шпанија за минатата сезона.

Димитриевски спаси речиси сигурен гол во таа ситуација, откако и самиот напаѓач на Валенсија беше убеден дека топката ќе влезе во мрежата.

Мечот заврши без победник 1-1. Солер од Пенал ја доведе Валенсија во водство, а Палазон во 64. минута донесе бод за Рајо, но во бодот имаше придонес и самиот Димитриевски.

Се вчитува...