Барселона по се изгледа ќе успее да се спаси од финансиските проблеми и веќе ова лето да направи квалитетен тим кој треба да се врати на шампионските патеки. По заминувањето на Бартомеу, клубот е во финансиска криза, а Лапорта заедно со неговиот менаџмент на секој начин гледа да ја консолидира ситуацијата во клубот.
Скоро 85 отсто од членовите на собранието (494 од 569) беа за, а со тоа Барселона доби зелено светло за продажба на 25 отсто од ТВ правата во следните 25 години. Вкупната заработка на Барселона ќе биде 500 милиони евра.
Изгласана е и доверба за претседателскиот предлог Барселона да продаде 49,9 отсто од сопствеништвото на компанијата БЛМ за сума од 200 до 300 милиони евра. Во прашање е ќерка фирма која се занимава со контрола на брендот „Барса“ и продажба на се што е поврзано со клубот.
„Барселона е Формула 1 болид кој го најдовме без гориво и со скршен мотор. Со досегашната работа влеговме да го запалиме моторот. Но, возилото се уште работи лошо. Затоа побаравме доверба од нашите членови да гласаат за нови пакети помош за клубот. Кога ќе ги активираме овие мерки, повторно ќе бидеме солвентни, ќе ги отплатиме долговите во разумен временски период и ќе ја започнеме формулата со стапката на пит, а потоа ќе ја подготвиме да започне од почеток и да биде конкурентна со другите болиди“, изјави Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

