Турскиот тим Анкарагучу би можел да биде следната дестинација на Дарко Велковски. Турскиот тим влегол во преговори со стоперот на македонската репрезентација за негов ангажман, пишуваат турските медиуми.
Ова е втор турски тим заинтересиран за услугите на досегашниот стопер на Ријека, кој по четири години си замина од хрватската екипа како слободен агент. Претходно интерес имаше и од Трабзонспор.
Во овој преоден рок се шпекулираше дека и Карабах сака да му понуди соработка, меѓутоа тешко дека Велковски ќе се одлучи да замине во Азербејџан.
Анкарагучу сега обезбеди пласман во турската Супер-лига како првопласиран од втората Лига, и има амбиции да остане подолго во „елитата“ на Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

