Вардар официјално го промовираше Јован Попзлатанов (ФОТО)

Вардар и официјално го промовираше Јован Попзлатанов како свое второ засилување во овој преоден рок за престојната сезона во Втората лига.

Досегашниот играч на Македонија ЃП се одлучи да се врати во редовите на „црвено-црните“, каде што играше од 2018 до 2021 година, и освои титула со најтрофејниот македонски клуб. Потоа замина во РФС Рига, но повторно се врати во македонскиот шампионат и во дресот на Македонија ЃП. Крилниот 25-годишен играч во завршената сезона го освои македонскиот Куп.

Попзлатанов ќе биде засилување за атак кон Првата лига на „црвено-црните“, кои сакаат повторно да играат во „елитата“ откако не успеаја да обезбедат пласман во штотуку завршената сезоната, односно се пласираа на третото место на табелата што беше недоволно.

Се вчитува...