Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Никола Митревски и во следните две години ќе го носи дресот на Порто откако денеска официјализираше продолжување на соработката со португалскиот првак до 2024 година.
Македонецот кој беше номиниран за голман на сезоната во Лигата на Шампионите не го криеше задоволството од новиот договор и најави борба за место меѓу најдобрите клубови во Европа во иднина.
„Задоволство е да се биде дел од гигант како Порто. Многу сум среќен што го продолжив договорот. Благодарност до навивачите, освоивме се што можеше да се освои овие две години, загубивме само еден меч, двапати ја поминуваме групата во Лигата на шампионите… Сон за секого е да играме на завршниот турнир на Лигата на шампионите. Растеме постојано како тим, победуваме против врвни екипи и со малку среќа можеме да напишеме историја и да играме меѓу осумте или четирите најдобри екипи. Задоволен сум како изминаа овие две години и уште позадоволен што останувам во Порто“, изјави Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА