Фудбалерот на Арсенал Гранит Џака се наоѓа под истрага на националната криминалистичка агенција на Англија под соменине дека намерно добил жолт картон на натпреварот против Лидс одигран на 18. декември 2021 година во корист на „обложувачката мафија“, пренесуваат медумите на „Островот“.
Истрага за случајот веќе води Фудбалската Асоцијација на Англија, а наводно постојат и докази по голема сума на пари (50 илјади фунти за кои добил 250 илјади фунти) уплатена во обложувалниците за „пожолтување“ на Швајцарецот со албанско потекло.
Доколку Агенцијата успее да го докаже случајот на фудбалерот на Арсенал му следи драконска казна и исклучување од натпреварувањето. Како потсетување, во 2018 година сличен случај имаше со фудбалерот на Линколн Сити, Бредли Вуд кој доби шестгодишна суспензија поради намерен жолт картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА