Прволигашот Шкендија стигна до првата победа на подготовките во Турција откако славеше со 1-0 во натпреварот против словенечки Марибор. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Сабит Биљали кој во 86. минута ја затресе мрежата.
Во првиот натпревар македонскиот тим ремизираше со Ференцварош со 1-1, а до крајот на подготовките тимот ќе одигра уште две пријателски средби.
Голот на Биљали може да ги видите ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

