Ќатип Османи нов тренер на Шкендија

Еден од најтрофејните македонски стратези Ќатип Османи повторно го презема кормилото на Шкендија.

52-годишниот Османи, кој во минатото има три шампионски титули со Шкендија, деновиве и официјално се очекува да биде промовиран на клупата на тетовските црвено-црни.

Османи кој изминава сезона беше тренер на Ренова, по извесното згаснување на клубот од Џепчиште, секако е слободен по нов предизвик, па се враќа на клупата на Шкендија.

Шкендија не е никаква непознаница за Османи кој го водеше тимот досега во три наврати.

Се вчитува...