Карачиќ: Пеналите се чиста среќа, верувам на нов Ф4 со Киелце

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, не успеа да се искачи повторно на европскиот трон откако неговиот тим загуби од Барселона.

Шпанскиот тим испиша историја како прв кој го одбранил тронот во Лигата на шампионите.

„Пеналите се рулет, црвено-црно … противникот имаше повеќе среќа и концентрација. На крајот, не не послужи среќата, но не смее да бидеме незадоволни, мора да сме горди на екипата, цела сезона игравме перефктно, бевме први во групата, се боревме до крајот, нема за што да си замериме еден на друг. Се надевам дека следната година пак ќе играме на Ф4 и ќе се бориме за европскиот трон. Во регуларниот дел од сезоната двапати ја победивме Барселона“, изјави Карачиќ по натпреварот.

За шпанска Барселона ова беше рекордна едианесетта титула во натпреварувањето. Каталонците се најтрофејни во елитата, а како утеха за Киелце доаѓа МВП признанието за Каралек.

Се вчитува...