Марсело (34) го напушти Реал Мадрид, Дани Алвес (39) Барселона, но искусните Бразилци би можеле кариерите да ги продолжат исти тим.
Марсело долги години е еден од најдобрите леви бекови во светот, тој го напушти Реал откако му истече договорот. Алвес, пак на сличен начин се раздели со Барселона.
Нивниот сонародник и легендарениот Роналдо кој е сопственик на Ваљадолид има план да ги ангажира и двајцата во својот клуб.
Според „uol.com.br“, Роналдо признал дека би сакал да ги види и двајцата во својот тим, но за тоа да биде возможно ќе треба да се согласат на многу помалку финансиски услови од оние што ги имаа во Реал, или Барселона.
Реал Ваљадолид, пред две недели се врати во Примера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

