Чурлинов: Ако Шалке не ме сака…

Дарко Чурлинов одигра одлична сезона во дресот на Шалке, помагајќи му на својот тим да обезбеди влез во првата Бундес-лигата. Позајмицата од Штутгарт во Шалке му заврши, двата клуба преговараат за Чурлинов да остане во Гелзенкирхен, но Штутгарт веќе ја одби понудата на „сино-белите“ за нова позајмица, инсистирајќи на отштета од три милиони евра.

Со оглед на финансиските проблеми на клубот од Гелзенкирхен, тешко е да се поверува дека Шалке ќе плати толкава отштета за Чурлинов, кој и самиот не е преголем оптимист дека може да дојде до договор меѓу тимовите.

„Навистина уживав минатата сезона во дресот на Шалке со фантастичните навивачи на овој тим. Сепак, доколку Шалке не успее да се договори со Штутгарт и доколку овој клуб не сака да продолжам таму, тогаш ќе се вратам во Штутгарт. Знам дека конкуренцијата е огромна, но ќе одам таму и ќе се борам за место во тимот“, изјави Чурлинов.

Македонскиот репрезентативец настапи на 22 натпревари во дресот на Шалке, постигнувајќи осум гола.

Се вчитува...