Ракометниот шампион на Македонија, Вардар го губи местото во Лигата на шампионите, дознава специјализираниот балкански ракометен портал „Балкан-хендбол“. Како што пренесува овој портал од нивните извори од Келн веќе ЕХФ има донесено одлука да му забрани на македонскиот шампион учество во елитното натпреварување во сезоната 2022/2023.
Како причина за ова се наведува несредената финансиска ситуација, која го доведуваше до знак прашалник и настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите од 2017 и 2019 година минатата сезона во елитата.
Официјалната одлука на Европската ракометна федерација се очекува да биде потврдена до крајот на неделата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА