Атанаскоски од Македонија ЃП се сели во Партизани Тирана

Македонија ЃП во следната сезона ќе остане без Давид Атанаскоски. На Атанаскоски му истече договорот со ѓорчепетровци, и сега ќе продолжи во екипата на Партизани Тирана.

Левиот бек дојде во Ѓорче Петров од Шахтјор Караганди, а претходно беше дел од Академија Пандев, Хоризонт и Тетекс.

Партизани досега ги ангажираше Матеј Цветаноски и Беким Реџепи, а си замина екс репрезентативецот Александар Дамчевски. Покрај нив во тимот настапува и Егзон Белица.

Екипата настапува во Конференциската Лига, а за противник во 1. квалификациско коло Партизани го доби тимот на Сабуртало од Грузија.

Се вчитува...