Антонио Рудигер денеска и официјално беше промовиран во ново засилување на Реал Мадрид, откако германскиот репрезентативец потпиша договор со актуелниот европски шампион. Тој пристигнува како слободен играч, по истекот на договорот со Челси, откако од бројните понуди на негова адреса Рудигер ја избра токму онаа на најтрофејниот европски клуб.
Тој не го криеше задоволството од реализираниот трансфер и на денешната промоција во Мадрид најави атак на бројни трофеи во периодот што следи.
„Ова е навистина специјален ден за мене и за моите најблиски. Би сакал да се заблагодарам на моите родители, без чија помош и поддршка не би бил денеска овде бидејќи секогаш беа тука за мене да ми помогнат. Исто така, би сакал да му се заблагодарам и на претседателот на Реал Мадрид, што ми даде можност да заиграм за овој клуб. Можам да ветам дека секогаш ќе давам се од себе кога ќе го облечам дресот на Реал, сакам да ги освојам сите трофеи со овој клуб“, изјави Рудигер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

