Полскиот интернационалец Мачеј Рибус, нема да игра за полската репрезентација на Мундијалот во Катар, а причината е поради тоа што се решил да ја прифати понудата од Спартак Москва.
Левиот бек беше слободен играч, па стигна понудата од Спартак која ја прифатил. Претходно беше дел од Локомотив, а поради овој трансфер се огласија од полскиот фудбалски сојуз.
„Селекторот на полскиот национален тим Чеслав Михнјевич разговараше со Мачеј Рибус после тренинг кампот на националниот тим минатата година. Го информираше дека поради моменталната клупска ситуација нема да биде повикан на следните натпревари, како и нема да се најде во изборот за Светското првенство во Катар“, стои во соопштението.
Рибус има 32 години, и досега за националниот тим играше 66 меча и постигна два гола. Полска на Мундијалот е во група со Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА