Актуелниот тренер на Интер, Симоне Инзаги ја прифатил понудата од раководството на клубот за потпишување нов договор. Двете страни ќе се обврзат на соработка до 2024 година.
Инзаги дојде во тимот од Милано пред почетокот на минатата сезона и успеа да освои два трофеи, Купот на Италија и Суперкупот. Сепак, неговиот тим не ја прослави шампионската титула, завршувајќи два бода зад градскиот ривал Милан во Серија А.
Италијанските медиумите пренесуваат дека новиот договор со Интер на Симоне Инзаги ќе му донесе зголемување на платата. Тој моментно заработува 4 милиони евра годишно, но од наредната сезона истата ќе скокне на 5,5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА