Холивудскиот гуру за виртуелна реалност Џон Текстор е нов сопственик на францускиот великан Олимпик Лион. Текстор кој е сопственик и на фудбалските клубови Ботафого од Бразил и Моленбек од Белгија купи 66,5 отсто од акциите на клубот, а во идина тој процент може да дојде и до 88,55.
Тој го купи Олимпик Лион од досегашниот сосптвеник Жан Мишел Ола кој ќе остане претседател на клубот во следните три години. Олимпик Лион е продаден за нешто повеќе од 500 милиони евра.
Текстор прво стана познат по возење скејтборд на Флорида. Тешката повреда го спречи да направи поголема кариера, а во меѓувреме влезе во бизнис водите каде го доби прекарот „холивудски гуру за виртуелна реалност“. Фирмите на Текстор се пионери на полето на виртуелната реалност, холограмите и сличните визуелни ефекти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА