Ф1 тимот на Ред Бул го суспендираше својот тест и резервен возач Јуриј Випс поради расистички навреди кои младиот пилот ги упатил во тек на пренос за време на играње на видео игри. Екипата најавила целосна истрага во врска со случајот.
Випс пренесуваше во живо како учествува во видео игра и користел расистичка навреда, а тимот за која естонскиот возач е врзан како тест возач, веднаш реагираше.
„Ред Бул Рејсинг го суспендираше јуниорскиот возач Јуриј Випс од сите должности, додека ги чекаме резултатите од целосната истрага во врска со инцидентот“, стои во соопштението.
Естонецот на својот профил на Инстаграм се извинил за говорот кој го користел во текот на преносот.
„Овој речник во целост е неприфатлив и не ја опишува вредноста и принципите до кои јас се држам. Жалам за својата акција и тоа не е пример кој сакам да се следи. Целосно ќе соработувам со истрагата“, напиша Випс.
Випс дебитираше во Формула 1 на овогодишната трка за ГН на Шпанија, која учествуваше на првиот слободен тренинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА