Европската ракометна федерација (ЕХФ) најдоцан до петок ќе мора да одлучи како ќе го пополни местото кое го ослободи Вардар 1961 откако македонскиот шампион денеска беше суспендиран од европските клупски натпреварувња.
Како што пренесува реноминираната шпанска „Марка“ три опции кои се во игра околу пополнување на местото на двократниот европски шампион. Според „Марка“ првата варијанта е тоа место да му се понуда на вицешампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер.
Втората опција е сигурно место да добие седмопласираната нација по ранкинг, Хрватска. Така, шампионот на оваа земја ППД Загреб наместо да бара „вајлд-карта“ ќе добие директно место во групната фаза.
Третата варијанта е местото на Вардар 1961 да не биде пополнето, што значи дека ќе се додели уште една вајлд-карта. Ждрепката за групната фаза е закажана за втори јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА