Иако Валенсија доби вајлд-кард за настап во Евролигата, по се изгледа Македонија нема да има претставник во Евролигата следната сезона. Со доаѓањето на Алекс Мумбру на клупата на клубот, голема е шансата Ненад Димитријевиќ да ја напушти Валенсија. Генералниот директор, спортскиот директор и тренерот ги проучуваат алтернативите со кои ќе се обнови плејмејкерската позиција, која е приоритетно прашање во моментов.
Токму новиот тренер Алекс Мумбру говореше за ситуацијата со нашиот репрезентативец за која рече дека е деликатна.
„Тоа е деликатна одлука. Што се однесува до Нено (Димитријевиќ), настапот што го имаше не беше она што се очекуваше, и тоа е нешто со кое треба да се справиме. Нема причина да го криеме тоа“, изјави Мумбру.
Прв тим што покажа интерес за Димитријевиќ е Гран Канарија во која може да ја продолжи кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА