Дибала добил „корпа“ од Барселона

Продолжува сагата околу трансферот на Пауло Дибала, кој никако не може да најде нов клуб по заминувањето од Јувентус. Трансферот со Интер се искомпликува во „пет до дванаесет“, а каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Аргентинецот бил одбиен од Барселона. Заменик капитенот на Јувентус наводно се понудил на каталонскиот клуб, но спортскиот директор Жорди Кројф и тренерот Чави му одговориле дека не се заинтересирани.

28-годишниот фудбалер е во потрага по клуб, откако му истече договорот со Јувентус, а сега најблиску е да се пресели во Милано. Интер беше многу блиску до неговиот потпис, а сега во игра е шампионот Милан, како и тимот на Рома, па Дибала веројатно ќе остане во Италија.

За Јувентус, Дибала одигра 293 натпревари и постигна 115 голови. Освои пет шампионски трофеи, како и четири Купа на Италија.

Се вчитува...