Дали е ова мундијалскиот дрес на Србија – Навивачите се надеваат дека е само лоша шега!? (ФОТО)

На социјалните мрежи протекоа низа на негативни коментари за можниот нови дрес на српската репрезентација. Фудбалерите на Србија е во екот на подготовките за Светското првенство. Турнирот во Катар започнува за нешто помалку од пет месеци, „орлите“ неодамна одиграа четири натпревари во Лигата на нации, а до одењето на Светското првенство ќе имаат повеќе обврски.

Сепак, во исто време во тек се подготовките за долгоочекуваниот нов дрес на Србија, кој избраниците на Драган Стојковиќ Пикси ќе го носат во Катар. На интернет сега кружи фотографија од дресот за кој се тврди дека е дресот на Србија на Мундијалот, фотографија која предизвика низа на негативни коментари поради дизајнот!

На социјалните мрежи се појави фотографија од обоениот српски дрес со новиот грб и сосема различни детали. Покрај црвената основа за дресот, има и бројни детали во златна нијанса, која потсетува на нијансите од дресовите на црногорската селекција.

Фановите се надеваат дека ова е само лоша шега и дека всушност нема да биде официјализиран за српски дрес. Меѓу коментарите кои можеа да се прочитаат на социјалните мрежи, се истакнува дека дресот се поврзува со опремата на Полска, како и дека не ја претставува Србија на вистински начин. А ако се суди по грбот на дресот, кој кружеше на интернет како нов грб на репрезентацијата, се поизвесно е дека „орлите“ во Катар ќе играат во оваа опрема.

 

 

 

Се вчитува...