Екипата на Струга ТЛ промовираше уште едно ново име за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, потпишувајќи договор со Фатјон Јусуфи.
26-годишниот напаѓач доаѓа од редовите на Ренова која се откажува од Првата лига, ослободувајќи ги сите досегашни фудбалери. Јусуфи треба да биде партнер на Бесарт Ибраими во офанзивната линија на стружани.
Јусуфи минатата сезона одигра 29 натпревари за Ренова во ПМФЛ, на кои даде пет гола, со уште три асистенции зад своето име. Претходно настапуваше и за Шкупи на домашната сцена, како и за Ширак од Ерменија и Партизани од Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

