Орландо Меџик како прв пик на НБА драфтот за 2022 година го избра Паоло Банкеро. Американецот со италијанско потекло му се предвидуваше малку пониска позиција, меѓутоа, неговото име прво беше прочитано минатата вечер во Њујорк.
Во прашање е офанзивно неверојатно талентиран кошаркар, а тоа што му се замерува е латералното движење, односно недоволната брзина.
Тој доаѓа од универзетот Дјук, а како што има изјавено во неколку случаи сака во иднина да настапува за репрезентацијата на Италија.
Every pick from Round 1 of the 2022 NBA draft 📝 pic.twitter.com/PWPKwx1Tr3
— ESPN (@espn) June 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА