Соиграч на Барди потпиша за Вилјареал

Соиграчот од Леванте на македонскиот фудбалски интернационалец, Енис Барди, Хозе Луис Моралес е нов играч на минатогодишниот полуфиналист во Лигата на шампионите, Вилјареал.

Леванте минатата година испадна од елитата во шпанскиот фудбал, па нормално е најдобрите играчи на овој клуб да бараат нов ангажман. Моралес потпиша двегодишен договор со „жолтата подморница“ во која главна цел ќе му биде да донесе дополнителна длабочина во екипата.

Моралес во Леванте е од 2013 година. За клубот од Валенсија запиша 293 натпревари на кои постигна 66 гола. Исто така и Енис Барди се очекува до крајот на летниот преоден рок да ги промени клупските бои, а најголем фаворит за потписот на нашиот репрезентативец е Алмерија која се врати во елитата.

Се вчитува...