После прволигашката промоција, прилепска Победа го назначи прославеното име на мак фудбалот Бобан Бабунски за нов тренер на екипата. Новиот прволигаш беше во преговори со неколку имиња, и на крајот изборот падна на Бабунски, екс селектор на младинската селекција, на тимовите на Работнички и на Вардар. Последен ангажман му беше тимот на Вардар во 2018 година, кога беше сменет после поразот од Пјуник во првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа.
Првата прозивка е закажана за понеделник 27. јуни, кога Бабунски ќе ја одржи првата прозивка на стадионот „Гоце Делчев“, на кој ќе биде соопштен и планот на подготовките за новата сезона во која прилепчани влегуваат со амбиции да се остане во „елитата“.
Победа како првопласирана во Втората лига исток, успеа на крајот да обезбеди враќање во „елитата“ иако во текот на целата сезона беше во конкуренција со Беласица и со Слога Виница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА