Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски на емотивен начин се прости со фановите на неговиот Ал Ахли по веројатно последниот домашен натпревар за него во овој клуб.
Ал Ахли пред два дена загуби на домашен терен со Ал Раед и пред последното коло е на добар пат да испадне од елитната лига на Саудиска Арабија.
Тоа значи дека Алиоски на крајот на сезоната дефинитивно ќе го напушти Ал Ахли, а по поразот македонскиот интернационалец го нападнаа емоциите.
Емотивното испраќање на Алиоски можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА