Ракометната репрезентација на Македонија на 2. јули ќе ги дознае своите противници на Светското првенство кое на почетокот на следната 2023 година ќе се игра во Полска и Шведска.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе се најдат во вториот шешир на ждрепката која е закажана за 2. јули. Покрај Македонија во овој шешир се наоѓаат и: Катар, Чешка, Белгија, Бразил, Португаијал, Полска и Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА