Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по пауза од три години ќе настапи на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон.
Популарниот Рафа годинава ги освои Австралија опен и Ролан Гарос, па сега го напаѓа календарскиот гранд-слем.
Покрај сите шпекулации со неговата повреда со стапалото, од неговиот тим доаѓа информација дека се е во ред со Надал и дека тој е подготвен да ја нападне титулата во Лондон.
„Во овој момент се е позитивно. Сепак, со тревата никогаш не си на сигурно. Стапалото на Рафаел Надал е добро и нема никакви проблеми. Важно е секој ден да се чувствува комфорно на подлогата. Рафа тука не играше три години, но јас сметам дека сме подготвени“, изјави еден од неговите соработници, Марк Лопез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

