Репрезентацијата на Србија во одбојка на плажа го осви деветтото место на Балканското првенство бидејќи тимот во состав Марко Макариќ и Вукашин Рајковиќ се откажа од турнирот пред мечот со репрезентацијата на Косово.
Иако, официјално организаторот изјави дека Србија се повлекла поради повреда, сепак Макариќ на својот инстаграм профил ја објави вистинската причина.
„За жал ова е крај на нашиот настап затоа што утре не можеме да излеземе и да играме против Косово. Натпреварувањето го завршуваме гордо на 9. место, бидејќи за нас Косово е Србија“, напиша Макариќ.
— SportBot (@SportBot11) June 25, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

