Барселона ги договори сите услови со чешкиот репрезентативец Томаш Саторански и се очекува тој набрзо да биде промовиран во првото засилување на Каталонците за новата сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Чехот се очекува наскоро да биде претставен во дресот на шпанскиот вицешампион, а со тоа официјално да направи кам-бек во клубот во кој играше од 2014 до 2016 година.
По осум години во најсилната светска кошаркарска лига, како член на Вашингтон, Чикаго, Њу Орлеанс и Сан Антонио, Саторански се враќа во поранешниот клуб во обид да му помогне да ја освои титулата во Евролигата.
Според пишувањата на чешките медиуми Саторански би требало да потпише договор со важност од четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА