Спортска Русија последната надеж ја гледа во арбитражниот суд во Лозана (КАС, место каде за една недела ќе биде сослушувана жалбата на Русија против „политичките одлуки“ на ФИФА и УЕФА за суспензија на сите клубови и репрезентации од фудбалските натпреварувања поради агресијата врз Украина.
Русија е суспендирана од самиот почеток на агресијата по што „зборнаја“ не играше во баражите за СП, клубовите беа исклучени од пролетните елиминации, а одлуките на УЕФА и ФИФА беа образложени како „солидарен чин со Украина за недозволивиот атак врз суверенитетот на една земја.
Првото рочиште и сослушување е закажано за 5 јули, идниот понеделник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА