Екс-фудбалерот за врска на Рома и репрезентацијата на Италија, Дамијано Томази го замени фудбалот со политика и стана нов градоначалник на Верона. На изборите за градоначалник, тој со гласовите на гласачите го победи актуелниот прв човек на градот на љубовта, Федерико Сбоарину, адвокат кој е на таа функција од 2017 година.
Томази својата кариера ја започна во Верона, каде преку младинскиот погон стигна до првиот тим.
Подоцна Италијанецот остави најдлабока трага играјќи за Рома. Беше член на римскиот клуб од 1996 до 2006 година, а во сезоната 2000/01 година го освои третото скуде, и сè уште последна титула во Италија за „волчицата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА