Арсенал работи со полна пареа во овој трансфер период, а по потписот на Габриел Жесус кој треба да биде претставен наскоро, пристигна и Американец. Лондонскиот клуб го официјализираше доаѓањето на поранешниот голман на Њу Ингланд, Мет Тарнер (28).
Станува збор за репрезентативец на САД кој „топчиите“ го платија 6.300.000 евра и ќе му биде сериозна конкуренција на Арон Ремсдејл, бидејќи постојат сите шанси Берн Лено да го напушти клубот.
Она што особено ги воодушеви навивачите на Арсенал е еден од гестовите на Тарнер од пред неколку недели. Потпишувајќи дресови во Америка, Тарнер одби тоа да им го нарпави на навивачите кои сакаа да му го подарат дресот на Тотенхем, лутиот градски ривал.
Надвор од теренот секако ги оправда очекувањата, но на теренот допрва терба да се докаже.
✈️ From New Jersey to north London…
Welcome home, Matty Turner ❤️
— Arsenal (@Arsenal) June 27, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА