Адана Демирспор сака да го „грабне“ Македонецот Арда Куртулан

Арда Окан Куртулан од Фенербахче, минатиот месец прифати да игра за Македонија. Тој веќе одигра два пријателски меча за младата селекција до 21 година против БИХ, и се покажа како квалитетна опција во нападот, и фудбалер на кој може да се смета во иднина.

Куртулан тешко дека ќе успее да избори место во првиот тим на Фенер за идната сезона, па се размислува да се пушти на позајмица. Аданаспор се јави прв да го ангажира, но проблемот е што овој клуб сака да го откупи од турскиот гитант целосно, а не на позајмица. Тоа го најавил првиот човек на клубот Мурат Санџак.

„Адана Демирспор е во преговори со Фенербахче за Арда Куртулан. Нема да земаме играчи на позајмица повеќе. Ако ни понудат опција за купување, ќе го купиме“, рече Санџак. 

Куртулан и натаму нема македонски пасош, и во процедура е да му биде доделен, со што ќе може да игра и на официјални натпревари за македонскиот национален тим.

Се вчитува...