Откако денес и официјално беа познати сите учесници во Лигата на шампионите, ЕХФ ги објави и екипите кои добија вајлд-карти, а меѓу нив се најде и ППД Загреб.
Ведран Шупковиќ, претседателот на хрватскиот тим потенцираше дека е пресреќен поради ваквата одлука на ЕХФ, но и истакна дека тоа нема врска со исфрлувањето на Вардар од ЛШ.
„Хрватска има клупски национален коефициент кој во овој момент е десетти во Европа и така аплициравме за покана. Прифатени требаше да бидат шест покани, но поради исфрлувањето на Вардар таа бројка дојде на седум. Сакам да појаснам дека Загреб не го доби местото на Вардар. Нашиот статус нема врска со ситуацијата во нивниот клуб“, изјави Шупковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА