Агентите на Ди Марија потврдија: Анхел ја продолжува кариерата во Серија А!?

Анхел Ди Марија по кратко размислување очигледно својата кариера ќе ја продолжи во Серија А. Ваквата најава денеска стана откако истата ја потврдија неговите менаџери.

Аргентинецот решил да ја прифати понудата на Јувентус, кој одамна чекаше конечен одговор од популарниот „Фидео“, а останува да бидат прецизирани уште неколку детали од договорот.

„Работиме на конечните детали и чекаме Јувентус да даде зелено светло за одредени услови“, изјавиле од менаџерскиот тим на Ди Марија за ‘Ла Стампа’.

Пристигнувањето на Ди Марија во Торино е потврдено и од најдобро информираните италијански новинари, па прашање на време е кога клубот ќе го потврди големото засилување.

Се вчитува...